Дома Фудбал Англија Официјално: Дејан Илиев потпиша нов договор со Арсенал

Официјално: Дејан Илиев потпиша нов договор со Арсенал

Maкедонскиот голман Дејан Илиев, денес потпиша нов договор со тимот на Арсенал.

Илиев веќе неколку години е член на гигантот од Лондон, минатата година настапуваше за тимот до 23 години кој ја освои Премиер лигата во оваа конкуренција, а Илиев покажа одлични настапи.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Денес македонскиот голман стави потпис на нов двегодишен договор.

Илиев беше дел и од првиот тим на Арсенал во победата над Норвич во Карабао Купот.

Продолжувањето на договорот на Илиев со Арсенал според англиските медиуми било лично по инсистирање на тренерот на овој клуб Унаи Емери, што е јасен знак стратегот сериозно ќе смета на него во иднина.

Илиев член на Арсенал е од 2012 година, кога пристигна од Беласица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вирц го изневери Баерн, Компани има суров одговор – доаѓа ѕвезда од 80 милиони евра

Сите мислеа дека Баерн е главниот фаворит за доведување на Флоријан Вирц и дека овој одлич…