Дома Трансфер зона Официјално: Го бараше пола Европа – потпиша за Дортмунд!

Официјално: Го бараше пола Европа – потпиша за Дортмунд!

Младата ѕвезда на Бундес лигата и член на Борусија Мехенгладбах, Махмуд Дохуд од следната сезона ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд, потврди денес германскиот клуб.

„Одлуката е донесена. Дохуд не напушта. Ја избра Борусија Дортмунд“, потврди спортскиот директор на Борусија Мехенгалдбах.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


21-годишниот плејмејкер игра фантастична сезона и за него силен интерес покажаа многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул кој беше спремен да понуди 25 милиони евра.

Сепак Дохуд кажа „не“ на сите понуди од странство и се одлучи да остане во Бундес лигата, па од следната сезона ќе игра за „милионерите“.

Дортмунд ќе ја искористи откупната клаузула во неговиот договор и за неговиот потпис ќе плати „само“ 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…