Дома Трансфер зона Официјално: Големата желба на Клоп заврши во Лајпциг

Официјално: Големата желба на Клоп заврши во Лајпциг

Четвртфиналистот од Лигата на шампиони, Лајпциг денес и официјално го потврди трансферот на Хан Хи-Чин од Салцбург.

Хи-Чун доаѓа во Лајпциг како замена за Тимо Вернер кој беше продаден во Челзи за 53 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Репрезентативецот на Република Кореја беше голема желба на Ливерпул, откако постигна 16 гола и запиша 22 асистенции оваа сезона во Салцбург.

Сепак, Лајоциг излезе како победник во битката за неговиот потпис и се согласи на Салцбург да му плати 15 милиони евра.

Хан има 24 години и примарно игра како централен напаѓач, но може да игра и како крило.

Кореецот денес потпиша 5-годишен договор со Лајпциг и ќе го носи дресот со број 11, кој беше сопственост на Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…