Дома Фудбал Останато Официјално: Вакво нешто никој, никогаш не направил во фудбалот!

Официјално: Вакво нешто никој, никогаш не направил во фудбалот!

Легендарниот Јапонец Казујоши Мијура уште еднаш испиша историја во модерниот фудбал, откако одигра 54 минути изминатиот викенд во нерешениот резултат на Јокохама и Нагасаки и со тоа постави нов рекорд.

Казујоши Мијура, кој е роден во 1967 стана највозрасниот играч во историјата на професионалниот фудбал, со 50 години и седум дена, надминувајќи го рекордот на сер Стенли Метјуз, кој во далечната 1965 година како играч на Стоук одигра натпревар против Фулам. Метјуз тогаш имал 50 години и девет дена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Популарниот „Кинг Казу“ е професионален фудбалер од 1986 година, а оваа сезона му е 32 во кариерата.

Мијура за јапонската репрезентација играше од 1990 до 2000 година, а на 89 натпревари има постигнато 55 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо: Го прашав Вини “Постигна фантастичен гол, зошто го прослави на провокативен начин?”

Возбудлив натпревар одиграа Бенфика и Реал во првиот меч од плеј-офот за нокаут фазата во …