Дома Фудбал Англија Официјално: Брендан Роџерс се врати во Премиер лигата со себе го носи и Туре

Официјално: Брендан Роџерс се врати во Премиер лигата со себе го носи и Туре

rogers

Ќе го води Лестер до јуни 2022 година.

Брендан Роџерс ќе работи повторно во Премиер лигата! Поранешниот тренер на Ливерпул вечерва како што се најавуваше стана нов тренер на Лестер. Роџерс официјално го напушти Селтик и потпиша договор со „Лисиците“ до јуни 2022 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Воодушевен сум што ќе бидам менаџер на овој одличен фудбалски клуб. Во Лестер се поставени темели со кои можеме да растеме и заедно да постигнеме многу работи. Се надевам дека со моето искуство ќе помогнам да бидеме успешени“, изјави Роџерс.

Нема соменвање дека Лестер во Роџерс добива искусен менаџер кој во Премиер лигата има повеќе од 150 натпревари, како и бројни европски натпревари.

Селтик добро ќе помина, бидејќи во мај 2016 година го доведе Роџерс за џабе, а сега ќе заработи на него седум милиони евра како оштета. Поранешниот тренер на Ливерпул така ќе добие прилика да работи во една силна лига, а со себе ќе го земе и Коло Туре кој на „Селхуст Парк“ му беше помошник од 2017 година.

Шкотскиот гигант на местото на Роџерс го назначи Нил Ленон кој ќе го води клубот до крајот на актуелната сезона и засега тој е привремено решение.

Станува збор за стратег кој го водеше Селти код 2010 година до 2014 година, пред враќањето во овој клуб ги водеше Болтон и Хиберниан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…