Дома Останати Авто Мото Официјално: Ботас е нов возач на Мерцедес, Маса во Вилијамс!

Официјално: Ботас е нов возач на Мерцедес, Маса во Вилијамс!

Финецот Валтери Ботас е новиот возач на Мерцедес, објави денес германскиот формула тим.

Дваесет и седумгодишниот фински возач, кој во екипата го наследи актуелниот светски шампион Нико Розберг кој се самопензионира, двапати во досегашната кариера завршил на подиумот на второто место, и тоа во 2014 година на Силверстон и на Хокенхајм.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ботас во Формула 1 четири години помина во тимот на Вилијамс, а шефот на Мерцедес, Тото Волф, бираше меѓу него и Паскал Верлен. На крај се одлучи за Финецот, што покрена реакција и во другите тимови.

Така, Верлен отиде во Заубер, додека местото на Ботас во Вилијамс го зазеде Фалипе Маса, кој се прости на крајот на мината сезона од натпреварувањата, но сепак одлучи повтоно да учествува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…