Еден од најваќните алки во тимот на Милан, Џакомо Бонавентура денес стави потпис на нов договор со „росонерите“ и се обврза на верност до 2020 година.
Бонавентура пристигна во Милан последниот ден од преодниот рок во 2014 година и веднаш се наметна како клучен играч меѓу „росонерите“ и до сега одигра 91 натпревари на кои постигна 18 гола.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Милан сака да се врати на самиот врв на италијанскиот и светскиот фудбал, па затоа сака да ги задржи своите млади и најважни фудбалери.
Следен кој треба набрзо да го продолжи договорот со Милан е Сусо, кој блеска оваа сезона, а до краот на сезоната раководството ќе работи на новите договори на Донарума и Де Шиљо.