Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Бејтулаи се врати во Шкендија

Официјално: Бејтулаи се врати во Шкендија

Репрезентативецот на Македонија, Егзон Бејтулаи се враќа во редовите на Шкендија каде што ќе остане во наредните три години.

Бејтулаи така се враќа во Тетово каде што помина шест сезони и екипа во која се наметна како стандарден репрезентативец во националниот тим. Во изминатите шест месеци Бејтулаи имаше обид интернационална кариера меѓутоа брзо се раздели со шведски Хелсингборг.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Знаев дека ќе се вратам еден ден, но не мислев дека ќе биде толку брзо. Возбуден сум што пак ќе сум тука. Тетови и Шкендија се мој дом“, изјави Бејтулаи.

Во Шкендија Бејтулаи првпат дојде во 2013 година и прерасна во еден од најдобрите одбранбени фудбалери во Македонија, со овој клуб освои две шампионски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…