Барселона има нов голман.
Марк Андре Тер Штеген е сигурен помеѓу стативите. Едноставно, тој е помеѓу најдобрите голмани во светот и во Каталонија не помислуваат да бараат нов прв голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона денес го потврди трансферот на Бразилецот Нето кој пристигнува да биде резерва на Германецот.
Нето потпиша договор на четири години, а досегашниот чувар на мрежата на Валенсија се пресели на „Ноу Камп“ во зделка вредна 35 милиони евра. 26 милиони евра е фиксната сума која всушност е регулирана со размената за Јаспер Силенсен, а преостанатите девет Валенсија може да ги добие како бонуси во зависност од учинокот на Нето на „Камп Ноу“.
Во неговиот договор Барселона постави откупна клазула во износ од 200 милиони евра.
? Here is @Neto_Murara, Barça´s new signing ?? pic.twitter.com/kMwqWXtu2V
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 27, 2019
„Нашата одбрана сега е во добри раце“, стои во објавата на Барселона на друштвените мрежи.
Ќе потсетиме, поради регулирање на финансискиот фер плеј еден ден претходно Силенсен од Барселона премина во Валенсија по истата формула (26+9 милиони евра).