Дома Трансфер зона Официјално: Баерн купи играч на Јувентус!

Официјално: Баерн купи играч на Јувентус!

Германскиот шампион Баерн Минхен денес и официјално потврди дека во целост го откупил договорот на францускиот репрезентативец Квинсли Коман.

Коман беше на двегодишна позајмица во Баерн од Јувентус за кога Баварците платија 7 милиони евра, а во договорот имаше клаузула според која можеа да го откупат неговиот договор за додатни 21 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Германскиот клуб денес потврди дека ја активирал клаузулата и од денес Коман е во 100% сопственост на клубот од Минхен.

Коман имаше фантастична прва сезона на „Алијанц Арената“ под водство на Гвардиола, но оваа сезона не добива голема минутажа кај Карло Анчелоти.

Поради тоа медиумите шпекулираат дека Баварците на лето би можеле да го продадат Французинот, бидејќи силен интерес за него покажуваат Манчестер Сити и Челзи, клубови кои се спремни да платат 45 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…