Дома Фудбал Официјално: Асенсио во Реал до 2023 година – чини 700 милиони!

Официјално: Асенсио во Реал до 2023 година – чини 700 милиони!

Тоа што се најавуваше веќе подолго време денес доби и официјална потврда. Марко Асенсио останува во Реал до 2023 година!

„Кралскиот“ клуб денес соопшти дека еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Марко Асенсио ставил потпис на нов договор и ќе му остане верен на Реал Мадрид до 2023 година, а во новиот договор ќе има откупна клаузула од 700 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ваквата клаузула му овозможува на Реал да биде „мирен“ дека никој богат клуб на светот нема да може да му го „украде“ Асенсио, како што тоа се случи ова лето со Нејмар.

Асенсио ќе добие и зголемување на платата, но економските детали на договорот не се познати.

Потписот на Асенсио е последен во низата, откако во последните две недели нови договори со Реал Мадрид потпишаа: Марсело, Иско, Варан, Карвахал, Бензема и Маркос Љоренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…