Тросар е многу блиску до потпис со Арсенал, а изгледа дека клубот од Лондон договорил и засилување во одбраната во овој преоден рок.
Станува збор за полскиот фудбалер од редовите на Специја, Јакуб Кивиор кој пристигнува од редовите на Специја за 25 милиони евра и потенцијални пет преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информација ја потврди познатиот Џанлука Ди Марцио, но и уште неколку извори од Италија.
Кивиор ќе потпише договор со Арсенал до 2028 година со плата од 2.5 милиони евра по сезона. Тој е роден 2000. година и наскоро полни 23 години, игра на позицијата стопер и е висок 189 сантиметри.
Италијанските аналитичари веќе некое време го оценуваат како еден од најталентираните дефанзивци во Серија А пред кој е светла иднина. Минатата година дебитираше за репрезентацијата на Полска и одигра девет натпревари за националниот тим.
Во редовите на Специја пристигна летото 2021 година од Жилина за 2.2 милиони евра и од него италијанскиот клуб одлично заработи.