Дома Трансфер зона Официјално: Арсенал го откупи Давид Раја

Официјално: Арсенал го откупи Давид Раја

Арсенал денес и официјално потврди дека го откупил договорот на шпанскиот голман Давид Реја.

Претходно, „топчиите” платија 3 милиони фунти за неговата позајмица минатата сезона, а сега за откуп ќе му платат додатни 27 милиони фунти на Брентфорд.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


„По една година на позајмица како „топчија” сега можам да кажам дека сум играч на Арсенал за идните години. Возбуден сум да видам што крие иднината, но секогаш живеам во сегашноста и уживам во неа. Остварување на сонот е да бидам тука и сакам да ви се заблагодарам за целата поддршка што ми ја дадовте во последната година”, изјави Давид Раја, кој се наметна како прва опција на голот.

Минатата сезона Раја одигра 32 натпревари во Премиер лигата, и запиша 9 настапи во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Емерсон Ројал

Барселона во летнот преоден рок сака да ја засили десната бековска позиција, а најново име…