Aргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез ова лето би можел да биде една од ѕвездите на преодниот рок.
Веќе на големо се шпекулира дека Барселона по секоја цена ќе се обиде да го доведе Лаутаро, но јасно е дека тие не се единствениот клуб кој покажал интерес за аргентинскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена се појавија информации дека Латуаро го сака и Реал Мадрид, но за Перез веројатно ќе биде втора опција после Ерлинг Халанд. Латуаро веќе бил на мета на Реал додека играше во Расинг, но тогаш не сакал да се пресели на „Бернабеу“.
Претседателот на аргентинскиот клуб Виктор Бланко изјави дека претставници на Реал дошле во Артгентина и се обиделе да го доведат Лаутаро, но тогаш тој ги одбил.
„Кога беше во младинскиот погон, Лаутаро го одби Реал Мадрид. Тие дојдоа на преговори во Аргентина, одржаа состанок со него. Сакаа да го купат и остават на позајмица, но тој ја одби таквата можност. Порача дека прво сака да направи нешто во првиот тим на Расинг пред да оди во Европа. Тоа успеа да го направи, а потоа се пресели во Интер“, изјави Бланко.