Дома Фудбал Лига на шампиони Откриено што Роналдо низ солзи му повторувал на судијата Брих

Откриено што Роналдо низ солзи му повторувал на судијата Брих

Кристиано Роналдо и неговото исклучување се една од темите во спортските медиуми и денес.

Португалецот заработи исклучување на дебито за Јувентус во Лигата на шампионите и тоа беше негово прво во најелитното европско натпреварување во 154-тиот настап.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Роналдо исклучувањето заработи после дуелот со Мурлио и сигнализиацијата на помошникот до главниот судија Феликс Брих, сепак во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека Германецот донесе погрешна одлука.

Одлуката од УЕФА за негова дополнителна суспензија ќе биде донесена во четврток, а во меѓувреме се појаваат и детали од моментите кога Роналдо го напушташе теренот.

Вчера во медиумите стратегот на Валенсија како поминала средбата со Роналдо која ја имаше на теренот, а денес медимите пишуваат и за разговорот кој го има со Феликс Брих.

„Не направив ништо, не направив ништо“, наводно му повторил Роналдо повеќе пати низ солзи на судијата Брих.
Доколку Роналдо биде суспендиран на два или повеќе повеќе натпревари ќе го пропушти гостувањето на Јувентус во Манчестер на „Олд Трафорд“ и секако дека поради тоа на Португалецот не му е сеедно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи нуди 75 милиони за ѕвездата на Барселона

Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите…