Дома Фудбал Лига на шампиони Откриено зошто Суарез носи завој околу раката на натпреварите

Откриено зошто Суарез носи завој околу раката на натпреварите

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез со години носи завој околу раката, а досега не беше познато зошто. Сега оваа мистерија е решена.

Еден од снимателите во вчерашниот натпревар на Атлетико против Манчестер Сити во Лигата на шампионите го фати Суарез додека се спремаше да влезе на теренот. Додека ги слушаше советите од помошникот тренер покрај аут линијата Суарез го врзуваше завојот околу раката, а можеше да се забележи дека под него има некаква нараквица.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Играчите не смеат да носат никаков накит во текот на натпреварот, но ако мораат тој мора да биде добро бандажиран, односно да не може да повреди никој во некаков дуел.

Уругваецот околу раката има нараквица за која веројатно верува дека му носи среќа, па не сака да ја вади и на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанија поради Израел се заканува со бојкот на Светското првенство!

Официјалните лица на шпанската влада навестуваат дека би можеле да ја повлечат својата реп…