Дома Фудбал Останато Откриено зошто пилотот на авионот во кој беше Сала се сменил во „5 до 12“

Откриено зошто пилотот на авионот во кој беше Сала се сменил во „5 до 12“

Не престануваат да излегуваат информации кои дополнително ја зголемуваат мистеријата со исчезнувањето на авионот на Емилијано Сала на патот од Нант кон Кардиф.

Веќе е познато дека авионот требало да го управува Дејв Хендерсон кој ја поминал пасошката контрола, но во последен момент тој бил заменет од Дејв Иботстон. Шокантно е тоа што


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иботсон немал лиценца и работел како инсталатер и ди-џеј, додека летањето авиони му било нешто како хоби.

Менаџерот Вил Мекеј го ангажирал Хендерсон но потоа тој го ангажирал Иботсон.

„Што ќе кажеш за бесплатен викенд во Нант?“, било прашањето од Хендерсон кон Иботстон.

Пилотот Иботсон кој исчезна прифатил да го однесе Аргентинецот во Нант и да го врати. Меѓутоа тој заборавил да ја понесе со себе кредитната картичка и сите потребни трошоци ги покрил Хендерсон со неговата картичка.

„Токму поради скоро цел ден по исчезнувањето на авионот се мислеше дека со него управувал Хендерсон. Сите сметки биле платени од неговата картичка“, обелодинил Мекј.

Се станува една голема мистерија, а со оглед дека ваквиот тип на авион нема црни кутии, тешко дека ќе дознаеме нешто повеќе дури и ако истиот биде пронајден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…