Дома Фудбал Останато Откриено зошто Алегри ги одбил Реал Мадрид и ПСЖ

Откриено зошто Алегри ги одбил Реал Мадрид и ПСЖ

Масимилиано Алегри се подготвува за враќање на клупата следната сезона, но во меѓувреме одбил понуди од неколку европски гиганти.

Ова го објави неговиот ментор и близок пријател, Џовани Галеоне, кој откри дека од 2019 година до денес Алегри ги одбил понудите на Челзи, Арсенал, ПСЖ и Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Причината е едноставна, поради сериозни семејни проблеми, тој мораше да каже НЕ на големите клубови. Тој ги одби Челзи, Арсенал, ПСЖ, па дури и Реал Мадрид“, открива Галеоне.

„Кога го прашав како е можно да го одбиеш Реал, тој ми одговори: Не сум кловн, ако ги одбив останатите големи клубови, не можам да прифатам друга понуда после само 10 дена. Ќе го загубам интегритетот“, раскажува Галеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Влаховиќ ќе потпише нов договор!

Иако италијанските новинари веќе некое време го „селеа“ Душан Влаховиќ од Јувентус, во тек…