Дома Фудбал Останато Откриени првите имиња на жртвите од трагедијата во Бразил: Имале слободен ден, но одлучиле да останат во кампот!

Откриени првите имиња на жртвите од трагедијата во Бразил: Имале слободен ден, но одлучиле да останат во кампот!

Утрово фудбалскиот свет го потресе голема трагедија. Во големиот пожар кој го зафати тренинг кампот на бразилскиот клуб Фламенго, животот го загубија десет луѓе.

Шестмина од нив биле млади фудбалери на возраст од 14 до 16 година, а останатите четворица вработени во клубот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првите жртви во пожарот се веќе идентификувани:

Артур Винисиус де Барос Силва (14), во сабота требало да го прослави 15-от реденден.

Атила Паксао – 14 години

Бернардо Писета.

Витор Исаиас

Кристиан Есмерио, 15-годишен голман кој имал неколку настапи за младата репрезентација.

Пабло Енрике да Силва (14), роднина на ѕвездата на Васко де Гама, Верлеј.

Во сојузната држава Рио де Женеиро е прогласена тридневна жалост, а на семејствата од починатите им е понудена помош.

Младите фудбалери поради поројните дождови имале слободни денови, но повеќето останале во кампот бидејќи не биле од Рио де Женеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент. Во текот на мин…