
Емилијано Сала исчезна со авионот кој патуваше од Нант кон Кардиф. Полицијата после потрагата која траеше три дена објави крај на истрагата поради екстремно малите шанси пилотот и Сала да се појават живи.
Договорот со Кардиф Сала го потпиша викендот пред да се врати во Нант да се поздрави со соиграчите.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Сала имал проблем да резервира лет, а тогаш на помош се јавил Џеј Мекеј играч кој игра за вториот тим на Кардиф. Врската помеѓува овие двајца била таткото на Мекеј кој работи како фудбалски агент и работел при трансферот на Аргентинецот.
Вили Мекеј (таткото) преку соопштение до јавноста изрази сочуство до семејството на Сала.
„Кога го букиравме летот го контактиравме Дејв Хендерсон. Тој е искусен пилот кој многу пати не пренесувал нас и многу наши фудбалери. Не учествувавме во изборот на авионот на
Сала. Тоа го покажуваат и пораките, на Емилијано не му побаравме пари. Јас со целото моето семејство сакам да изразам сочуство до неговите блиски. Испраќам и порака истрагата да продолжи“, стои во соопштението на Вили Мекеј.
Покрај соопштението тој ги објави и пораките помеѓу Џек (неговиот син) и Сала.
Петок 18 јануари
ЏЕЈ МЕКЕЈ: Татко ми ми кажа дека утре се враќаш. Тој има можност да резервира лет кој директно ќе те однесе до Нант и ќе те врати во понеделеник во време кое тебе ти одговара. Така не би го пропуштил тренингот во вторник.
САЛА: Одлично! Штотуку проверував дали имам лет за Нант утре.
МЕКЕЈ: Летот ќе ти биде организиран директно до Нант.
САЛА: Колку ќе чини?
МЕКЕЈ: Татко ми вели ако ми помогнеш да постигнам погодок нема да те чини ништо.
САЛА: Хахахах со задоволство. Ќе дадеме многу голови. Сакам за Нант да одам утре околу 11 часот и да се вратам во понеделник околу 9 часот навечер.
МЕКЕЈ: Во ред. Ќе те известам кога ќе биде средено.
Недела, 20 јануари
МЕКЕЈ: Здраво, има ли можност да се вратиш во седум навечер во понеделник? Пилотот мора да се врати дома на север откако ќе се врати во Кардиф?
САЛА: Седум ипол би било можно.
МЕКЕЈ: Добро, тоа е во ред.
САЛА: (Му испраќа фотографија од багажот) Ова би можел да го понесам во во авионот?
МЕКЕЈ: Да.
САЛА: Ќе биде во ред?
МЕКЕЈ: Да, има доволно место за твојот багаж.
САЛА: Ок.
Понеделник, 21 јануари
МЕКЕЈ: Ке ти се јавам за кратко
САЛА: (Аудио порака)
МЕКЕЈ: Ми кажаа дека е истата компанија
САЛА: Во ред, фала.