Дома Трансфер зона Откриени плановите на Солскјер: Заминуваат тројца, доаѓаат две засилувања

Откриени плановите на Солскјер: Заминуваат тројца, доаѓаат две засилувања

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека е отворен за нови засилувања во јануарскиот преоден рок.

Медиумите на Островот веќе ги открија плановите на „црвените ѓаволи“ и тврдат дека вратата од „Олд Трафорд“ им е отворена на тројца фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Први на листата за заминување се Немања Матиќ и Маркос Рохо кои не се во плановите на Солскјер. Третиот фудбалер на кого му е отворена излезната врата е 34-годишниот Ешли Јанг.

Јунајтед сака да донесе две засилувања во зимскиот преоден рок, а приоритет за Солскјер се офанзивниот играч за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, како и на најдобриот фудбалер за врска во Лестер, Џејмс Медисон. 

„Црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуди за двајцата фудбалери и наскоро ќе започнат преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…