Дома Фудбал Останато Откриени нови детали за несреќата во која животот го загуби Рејес: Не е само брзината причина!

Откриени нови детали за несреќата во која животот го загуби Рејес: Не е само брзината причина!

Поранешниот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес почина во првиот ден од јуни минатата година.

Во собраќајна несреќа 36 годишниот смртно настрада, а неколку месеци по несреќата соопштената е причина која довела до несреќата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кадена СЕР“ објави дека после истрагата е утврдено дека до несреќата дошло поради неприлагодена брзина и пукање на гумата на Мрецедесот С550.

Задната лева гума на автомобилот на Рејес пукнала при брзина од 187 километри на час и поради тоа тој изгубил контрола над својот автомобил и дошло до несреќата во која заедно со него настрада и неговиот братучед Џонатан.

Третото лице во автомобилот Хуан Мануел Калдерон преживеа, но при обидот да излезе од пламенот кој го зафатил автомобилот се здоби со тешки изгореници.

Рејес во богатата кариера играше за Севиља Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико, Мадрид, Еспањол, а последниот натпревар го одигра во дресот на Екстрамадура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…