Дома Фудбал Англија Откриени деталите: Артета седнува на клупата на Арсенал

Откриени деталите: Артета седнува на клупата на Арсенал

Шпанецот Микел Артета ќе биде новиот менаџер на Арсенал, тврдат медиумите на Островот.

Дека Артета би можел да го превеземе Арсенал се шпекулира подолго време, но гласините беа засилени кога пред неколку дена делегација на Арсенал беше фотографирана пред неговиот дом.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Артета се уште нема водено клуб како главен тренер, но веќе три сезони е помошник на Манчестер Сити и во тој период „граѓаните“ освоија седум трофеи помеѓу кои беа и две титули во Премиер лигата.

Овој 37-годишен стручњак ги договорил сите услови околу превземањето на лондонскиот тим и самостојна менаџерска кариера ќе ја почне на клупата на тимот за кого некогаш играше.

Артета со Арсенал ќе потпише договор на три и пол години, а официјална потврда околу неговиот ангажман би требало да пристигне многу брзо, односно веднаш после мечот помеѓу Сити и Оксфорд, каде што за последен пат ќе седи до Пеп Гвардиола како негов помошник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…