Дома Топ вести Откриена причината за честите повреди на Дембеле: Дали е Барселона виновна?

Откриена причината за честите повреди на Дембеле: Дали е Барселона виновна?

Барселона пред две години плати огромни 145 милиони евра за да го донесе Осман Дембеле од Борусија Дортмунд. Французинот требаше да биде големо засилување, но почесто е во болница отколку на терените.

Дембеле откако пристигна во Барселона доживува серија на повреди, а францускиот весник „Екип“ одлучи постудиозно да испита која е причината поради честите повреди.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Весникот тврди дека режимот на исхрана не е проблем, бидејќи Дембеле има свој личен кувар, кој му го спрема секој оброк според специјално изработен режин.

Сега за повредите не може да се обвинува и ноќниот живот, бидејќи Дембеле во последната години живее мирен живот заедно со својот вујко.

„Екип“ тврди дека најголема причина за честите повреди е методот на тренинзи на Барселона. Имено, само во 20% од тренинзите на Каталонците се вклучени спринтовите, нешто што е многу застапено во играта на Дембеле.

Лесните тренинзи на Барселона не му одговараат на Французинот, па поради тоа често доаѓа до мускулни повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед прави неочекуван потег: На „Олд Трафорд“ пристигнува напаѓач кој е без клуб

Многу напаѓачи во последно време беа поврзувани со премин во Манчестер Јунајтед, но изглед…