Дома Трансфер зона Откако објавија дека Де Лихт преминува во ПСЖ се огласи и Мино Раиола

Откако објавија дека Де Лихт преминува во ПСЖ се огласи и Мино Раиола

Откако вчера излезе информација дека холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт кариерата ќе ја продолжи во редовите на ПСЖ се огласи и неговиот агент Мино Раиола.

Раиола ги смири страстите кажувајќи дека ништо не е договорено.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ова е класичен пример на погрешни информации.“ порача за АНСА најпознатиот фудбалски агент.

Да потсетиме, Де Лихт се поврзува со бројни клубови како што се Барселона, Ливерпул, Јунајтед, Јувентус, а пред неколку дена самиот рече дека наскоро ќе ја донесе одлуката.

„Дали имам клуб од соништата? Не, единствено Ајакс, не постои друг клуб за кој сонував да играм. Секогаш сонував да играм за Ајакс. Ќе видам што е најдобро за мојата кариера и каде можам најмногу да се развивам и одиграм најмногу минути.“ – изјави неодамна Де Лихт и додаде:

„На таа основа ќе ја донесам одлуката и ќе го изберам клубот во кој ќе настапувам следната сезона.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Енцо Фернандез сака да си замине, познато е и каде?!

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси. Токм…