Реал Мадрид тешко ќе може да го купи Килина Мбапе од ПСЖ после заминувањето на Томас Тухел, пренесува весникот „АС“.
Мбапе сакал да го напушти францускиот клуб поради лошите односи со германскиот тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе поради тоа одолговлекува до продолжување на договорот со ПСЖ, а тоа сакаше да го искористи Реал Мадрид. „Кралевите“ се спремни на лето за неговиот потпис да понудат 180 милиони евра.
Ако ПСЖ успее да го убеди 22-годишниот Французин да стави потпис на нов договор, тогаш неговата цена ќе порасне, а „светците“ сигурно ќе ги одбиваат сите понуди.
Медиумите тврдат дека после заминувањето на Тухел многу поголеми се шансите Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ.
Real Madrid 'fear it will now be harder to get Kylian Mbappe out of PSG' https://t.co/WZSZYgaSZF
— MailOnline Sport (@MailSport) December 24, 2020