Дома Македонски спорт Мак ракомет Откажани двата пријателски натпревари на Македонија со Египет

Откажани двата пријателски натпревари на Македонија со Египет

Ракометната репрезентација на Македонија требаше да игра два пријателски натпревари против домаќинот на СП Египет пред почетокот на турнирот, меѓутоа дуелите се откажани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египет беше планиран за спаринг партнер во декември, меѓутоа „Фараоните“ нема да допатуваат во Скопје поради ситуацијата со коронавирусот.

Опција за пријателски натпревар сега останува репрезентацијата на Чиле која за СП ќе се спрема во Македонијата. Хотел „Русија“ треба да биде местото каде што ќе престојуваат Чилеанците. Со Чиле Македонија би одиграла еден пријателски натпревари во јануари.

Македонија како што е познато не учествува на СП во Египет, но ЕХФ не одреди за прва резерва па доколку некоја репрезентација од одредени причини го откаже учеството на Мундијалот ние ќе бидеме замената. Поради тоа селекторот Данило Брестовац сака квалитетни подготовки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…