Дома Фудбал Англија Отаменди останува верен на Манчестер Сити

Отаменди останува верен на Манчестер Сити

Аргентинскиот дефанзивец, Николас Отаменди се уште нема намера да ја промени средината и да ги напушти редовите на Манчестер Сити.

Отаменди се избори за многу добра минутажа кај Гвардиола, а „Граѓаните“ за добрите игри го наградија со нов договор. Имено, аргентинскиот репрезентативец денеска го продолжи договорот со Сити до летото 2020. година.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Аргентинецот пред две години потпиша тригодишен договор со англискиот клуб, а по шпекулациите дека би можел да го напушти Сити на крајот на сезоната како слободен играч на сцената стапија сопствениците на клубот.

На Отаменди му е понуден нов двегодишен договор, а аргентинскиот дефанзивец не размислуваше многу, одлучи да го продолжи договорот и да остане верен на клубот од „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сидорф со свој став: Ни Кристијано, ниту Меси, подобар од него никогаш не стапна на терен

Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф го смета прочуениот бразилски напаѓач Ронал…