Англиските медиуми пренесуваат дека Николас Отаменди ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона.
Отаменди пристигна на „Етихад“ летото 2015 година од Валенсија за 45 милиони евра. Сепак, аргентинскиот дефанзивец не игра во добра форма оваа сезона и Сити на лето сака да се ослободи од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека ова нема да им претставува проблем бидејќи Отаменди неодамна ја покажа својата желба да го напушти англискиот клуб и да се врати во Аргентина. Овој 32-годишен стопер ја напушти Аргентина пред десетина години, кога се пресели во Порто и очигледно му е доста да биде далеку од дома.
Отаменди порасна во дресот на Велез Сарсфилд, а играше уште и за Порто, Атлетико Минеиро и Валенсија. За репрезентацијата на Аргентина одигра 70 натпревари и постигна 4 погодоци.