Медиумите непрестајно пишуваат за несмасниот или можеби осмислениот потег на Белгиецот.
Ромелу Лукаку е и ова утро во центарот на вниманието, овојпат поради како што се наведува потврдата на својот трансфер во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според откривањето на еден навивач, Лукаку признал дека заминува во Манчестер Јунајтед и тоа е тема на големо во моментов кај британските медиуми.
Имено, Лукаку во текот на одморот во САД, откако и редовно тренираше во друштво на Пол Погба, еден навивач се заблагодари на честитките за преминување во редовите на Јунајтед.
Овој навивач на инстаграм сподели фотографија со Лукаку, а во коментарите, на прашањето „дали го праша дали преминува во Манчестер јунајтед?“, одговори: „Му честитав на трансферот во Јунајтед, по што ми рече благодарам“.
Истовремено, англиските медиуми пишуваат дека е денот „Д“ во целата приказна. Лукаку е блиску до договор со Јунајтед, како и Евертон кој во спротивна насока би го добил Вејн Руни.
За потсетување, Челси синоќа ја изедначи понудата за Лукаку од 75 милиони фунту, така што одлуката остана на Белгиецот, кој очигледно одлучи да му понуди нова шанса на Мурињо, а не на „Плавите“.