Дома Фудбал Италија Останува ли Алегри во Јувентус? Претседателот на „старата дама“ даде двосмислен одговор

Останува ли Алегри во Јувентус? Претседателот на „старата дама“ даде двосмислен одговор

Во италијанските медиуми во последните недели на големо се шпекулира за тоа дали Јувентус ќе добие нов тренер.

Откако оваа година Јувентус се прошета во Серија А и го освои осмото Скудето во низа, шампионот на Италија на големо ги крои плановите за во иднина кога во прашање се потенцијалните промени во играчкиот кадар, но и стручниот штаб.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Значи, освен што бројни фудбалски имиња се доведуваат во врска со клубот од Торино нема да биде изненадување и доколку видиме промена на тренерската клупа на Јувентус после пет години. Одредени медиуми во Италија пишуваат дека Јувентус ја разгледува можноста да се раздели со Алегри поради заситеност и тактиката која ја форсира, меѓутоа сето тоа засега се уште е во рамките на шпекулации.

Одлуката за иднината на Ањели ќе биде донесена во разговор кој стратегот на Јувентус ќе го има со Андреа Ањели, а вчерашното појавување на претседателот на Јувентус на една хуманитарна акција не можеше да помине без прашањето за промена на клупата.

Ањели даде двосмислен одговор кој може да се протолкува на двата начини.

„Што ќе биде со Алегри? Останува, но се зависи од него“, двосмислено одговори претседателот на Јувентус.

Алегри на клупата на Јувентус е од 2014 година. Освои вкупно 11 трофеи, вклучувајќи пет Скудета, а тимот го одведе и до две финалиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…