Дома Фудбал Лига на шампиони Останаа уште неколку места за нокаут фазата во ЛШ: Еве каде ќе биде најжешко во последното коло!

Останаа уште неколку места за нокаут фазата во ЛШ: Еве каде ќе биде најжешко во последното коло!

Вчера беше одиграно петтото коло од Лигата на Шампионите во четири групи, а познати се речиси сите учесници во нокаут фазата од најелитното клупско натпреварување од овој дел на „скелетот“.

Велиме речиси сите, бидејќи возбудувања нема да фалат во групата Ф.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


ГРУПА Е

Со вчерашниот триумф над Бенфика и АЕК, Баерн и Ајакс обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето сосема заслужено, па нивниот следен судир во Амстердам ќе биде само прашање на престиж. Бенфика си оди во Лигата на Европа, додека Грците потфрлија.

ГРУПА Ф

Вчера единствено во оваа група имаше доста возбудувања, Сити евдвај извлече реми во Лион, па „Лавовите“ ќе мораат да останат непроазени во последното коло во Донцек против Шахтјор кој славеше со гол во 93. минута против Хофенхајм. Германците пред себе имаат невозможна мисија доколку сакат да обезбедат пласман во Лигата на Европа, бидејќи мораат да го победат Сити во Англија.

ГРУПА Г

Со победата на Плзен во Москва, познато е дека Реал и Рома ќе си одат во нокаут фазата од Лигата на Шампионите, а Чесите со триумфот се вратија во игра за пласан во Лигата на Европа. Викторија се надева дека би можела да освои барем бод против „Волчицата“ на свој терен под услов ЦСКА да загуби во Мадрид.

ГРУПА Х

Во оваа група се е готово, Јувентус ја заврши работата на рутински начин, а иако Јунајтед помина низ целта на ист начин, изгледа дека „Црвените ѓаволи“ поминаа низ малку потежок пат. Валенсија ќе се пресели во Лигата на Европа, додека Јанг Бојс е без шанси за европска пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…