Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Оскар Табарез направил голема грешка, Муслера не смеел да биде на голот на Уругвај

Оскар Табарез направил голема грешка, Муслера не смеел да биде на голот на Уругвај

muslera

Уругвај во четвртфиналето на Мундијалот во Русија, забележа пораз од 2:0 против Франција и така го заврши својот пат на Светското првенство.

Без Кавани Уругвајците не успеаа да пружат доволен отпора, а голманот Фернандо Муслера се претвори во вистински трагичар.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Чуварот на мрежата на Галатасарај беше еден од најдобрите во текот на Мундијалот се до натпреварот против „Триколорите“. Тој беше „заслужен“ за вториот гол на Франција, доколку не го напраеше киксот по ударот на Гризман, Уругвај можеби и ќе се успееше да постигне еден гол до крајот на натпреварот.

Но, изгледа грешката е во селекторот Оскар Табарез кој ја направил уште од стартот кога одлучил да го испрати Муслера иако голманот бил потресен од две лоши вести кои ги добил непосредно пред четвртдиналето.

Имено, прво починал неговиот вујко како последица од собрајќајна несреќа, а само два дена подоцна починала и неговата баба.

Она што треба да се истакне кај Муслера е што не ги споменуваше овие несреќни настани како оправдување за неговите грешки, се извини до целата нација и порача дека самиот себеси се смета за главен виновник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…