Фудбалските познавачи многу добро знаат кој е Пабло Даниел Освладо.
Освалдо остави трага во многу клубови во Европа, Рома, Саутемптон, Еспањол, Јувентус, Интер…Покрај играњето за клубовите успеа да запише и неколку настапи за репрезентацијата на Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако имаше солидна кариера тој во 2016 година одлучи да се повлече од фудбалот и да започне да гради нова кариера како музичар. Денес како што самиот кажа тој е повеќе среќен и ужива во она што го работи и не се кае за изборот кој го направил.
„Проблеми можат да ви се појават во две ситуации – кога немате пари и кога имате премногу. Кога имате многу пари повеќе размислувате и многумина во таква ситуација не можат да се препуштат и да уживаат. За мене е подобро да бидете некаде на средината, да имате помалку пари и да живее релаксиран и мирен живот. Не се каам за тоа што сум го направил, се што се случува се случува со причина“.
„Пријателите ми кажуваат дека сум луд поради промената која ја направив. Дури во една прилика и татко ми кој е пензиониран музичар ми кажа дека му недостасува да ме гледа на теренот. Тогаш навистина ми падна тешко. Меѓутоа за среќа мојата мајка секогаш ми кажува да го правам она што мене ме прави среќен“.
„На некои концерти во Аргентина видов како луѓето пејат нешто кое сум го напушил во четири чаост наутро во мојата соба. Ме исполнува кога ќе слушнам такво нешто. Не ми е потребно ништо повеќе“, изјави Освалдо.