Дома Фудбал Италија „Орсато како да беше награден со финале во ЛШ за таа голема грешка“, ситуацијата од пред две години актуелна во Итлаија

„Орсато како да беше награден со финале во ЛШ за таа голема грешка“, ситуацијата од пред две години актуелна во Итлаија

И две ипол години после дербито на Италија помеѓу Интер и Јувентус на „Џузепе Меаца“ се споменува фамозната сцена во која учествуваше Миралем Пјаниќ кој веќе и не е дел од клубот од Торино.

Гостин во емисијата „Ле Лене“ на каналот „Италија 1“ беше Џузепе Пекораро поранешен федерален тужителн кој повторно зборуваше за судењето на Даниел Орсато на натпреварот кој „старата дама“ го доби со 2:3.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Пекораро претходно тврдеше дека исчезнал тонскиот запис од ВАР собата во која Даниел Орсато зборува дека Пјаниќ требало да добие втор жолт картон, односно црвен после стартот над Рафиња.

„Од Калчото велат дека немале запис, дека немало снимка. Очекував соработка од светот на судиите, секако ако нема ништо да се крие. Ако Орсато го делегираат да суди финале Лига на шампионите изгледа како да е награден после таква голема грешка која влијаеше на првенството, теба да се запрашаме за тоа“, изјави Пекораро.

Во меѓувреме стигна јасен одговор од Никола Рицоли, човекот кој е задолжен за делегирање на судиите во Италија.

„Ситуацијата за која се зборува не беше за ВАР. Пекораро ги доби снимките од камерите кои ги добија сите, се работи за нормална ситуација, ништо не исчезна, нема што да се крие“, изјави Рицоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…