Дома Трансфер зона Омилен „супермаркет“: Ливерпул му платил на Саутемптон над 170 милиони фунти!

Омилен „супермаркет“: Ливерпул му платил на Саутемптон над 170 милиони фунти!

Ливерпул уплатил на сметката на Саутемптон точно 170,5 милиони фунти во последните четири години, пресметаа англиските медиуми после трансферот на Ван Дијк.

Холандскиот репрезентативец е шестиот фудбалер на „светците“ кој што се пресели во Ливерпул во изминатите четири години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот кој пристигна на „Енфилд“ од Саутемптон беше Рики Ламберт, кој потпише за „црвените“ за 4 милиони фунти. Тој одигра само 36 меча на кои постигна 3 гола и се пресели во ВБА.

Адам Лалана потпиша за Ливерпул во јули 2014 година откако Саутемптон ја прифати понудата на „црвените“ од 25 милиони фунти. Во истотот преоден рок на „Енфилд“ пристигна и Дејан Ловрен за 20 милиони фунти. Хрватскиот дефанзивец беше привлечен како замена за Џејми Карагер.

Во јули 2015 година во Ливерпул пристигна Натаниел Клајн за сума од 12,5 милиони фунти. Тој минатата сезона беше незаменлив на десната бековска позиција, но оваа сезона нема настап поради повреда.

Во јуни 2016 година Ливерпул плати 34 милиони фунти за Садио Мане кој е еден од најдобрите поединци во тимот на Клоп, а последен во низата е Ван Дијк кој вчера беше платен неверојатни 75 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…