На три пред официјалното отварање на најголемиот спортски настан можно е да дојде до откажување, најави првиот човек на организацискиот комитет Таширо Муто.
ЛОИ во Токио треба да бидат отворени во петок, а утре стартуваат некои настани како што е фудбалскиот олимписки турнир. Сепак, од ден во ден има се повеќе заразени, бројката веќе стигна до стотина, па не се отпишува најлошото сценарио.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Не знаеме што ќе се случува и како ситуацијата со коронавирус ќе се развива. Имаме договор врз база на епидемиолошката состојба дека ќе има разговори со сите страни. Бројките можеби ќе се зголемат, можеби и ќе паднат, ќе видиме. Како и да е ништо не можеме да исклучиме“, одговори Муто на новинарското прашање дали игрите може да се откажат во последен момент.