Дома Фудбал Германија Оливер Кан по дебаклот: Манчестер Сити можеби е најдобриот клуб во Европа

Оливер Кан по дебаклот: Манчестер Сити можеби е најдобриот клуб во Европа

Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан изјави дека сите во минхенскиот клуб се разочарани од поразот од Манчестер Сити во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Манчестер Сити на домашен терен го совлада Баерн со 3:0. По враќањето во Минхен, фудбалерите и стручниот штаб на Баерн имале задолжителен состанок со челниците на клубот.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Секако дека сме разочарани од резултатот во Манчестер. Очекувавме дека работите може да бидат поинакви по првиот натпревар. Манчестер Сити е светска класа и можеби најдобриот тим во Европа. Фудбалот се сведува на резултати, но мислам дека и ние имавме свои шанси, кои не ги искористивме“, изјави Кан, кој им се обрати на играчите по враќањето во Минхен.

Тој истакна дека Баерн мора да се фокусира на следниот меч во Бундеслигата против Хофенхајм.

„Сега не ни помага да зборуваме за негативни работи и за тоа каде се направени грешки и кој е виновен. Имаме уште големи шанси да ја освоиме титулата во Бундеслигата. Нашиот фокус треба да биде на следниот меч во Бундеслигата, а потоа ќе размислуваме за реваншот против Манчестер Сити“, додаде Кан.

Реваншот помеѓу Баерн и Манчестер Сити е закажан за 19 април во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…