ОЛИВЕР КАН (54) си најде нов ангажман откако на крајот на мај беше отпуштен како директор на Баерн заедно со Хасан Салихамиџиќ.
Легендарниот германски голман се приклучи на онлајн платформата Meet Your Master, за која ќе снима видеа во кои ќе објасни како постигнал успех во кариерата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Така, Кан ќе стане еден вид животен тренер, односно оној кој со своите совети ќе ги насочува животите на другите.
Платформата Meet your Master ја лансираа германскиот актер Хајнер Лаутербах и неговата сопруга Викторија, исто така актерка.
„Волјата, мотивацијата и убедливоста се клучните компоненти на мојот придонес кон платформата Meet Your Master, во сопственост на Викторија и Хајнер Лаутербах“, објави Кан на X.