Сер Џим Ратклиф неодамна откупи дел од акциите на Манчестер Јунајтед и сега го очекува многу работа за да го врати клубот на побеничките патеки.
Јунајтед е далеку од посакуваните резултати и се најавуваат промени во играчкиот кадар, но и позицијата на Ерик Тен Хаг на клупата е далеку одсигурна. Меѓутоа покрај тие промени од Островот сега пристигнуваат информации дека Ратклиф сака изградба на нов стадион.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првично се најавуваше дека тој ќе вложи 250 милиони евра во реновирање на „Олд Трафорд“, меѓутоа подоцна стана јасно дека тоа би било потешко поради бројните дозволи кои би требало да ги добие.
Поради тоа тој е подготвен за градба на модерен стадион кој би бил нов дом на Јунајтед, се најавува дека тој стадион може да биде сличен на „Вембли“. Сумата која се споменува дека ќе биде потребна е ооколу два милијарди фунти. Сепак, Ратклиф потенцираше дека за такво нешто ќе му биде потребна и помош од државата.
„Потребни се инвестиции и помош. „Олд Трафорд“ е изморен и потребно му е реновирање. Постои и друг начин, место да реновираме можеме да изградиме нови стадиони по примерот на: Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити“, изјави Ратклиф.