Во Јувентус преодниот рок кога се новите играчи во прашање веројатно скоро и да е завршен навивачите очекуваат евентуално до крајот да пристигне уште Мауро Икарди, но то сигурно нема да се случи ако клубот не се ослободи од „вишокот“.
Маурицио Сари после пријателскиот натпревар против Атлетико Мадрид изјави дека клубот до крајот на преодниот рок ќе треба да се раздели со шест фудбалери, а сега истото за медиумите го потврди и спортскиот директор на клубот Фабио Партичи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа иако треба да заминат шест фудбалери Партичи потврди дека ниту еден засега не е блиску до продажба.
„Трансфер пазарот е отворен и има интерес, сепак засега ниту еден наш играч не е блиску до продажба. Дибала е наш играч. Станува збор за одличен фудбалер, тоа е она што можам да ви го кажам. Како што кажав трансфер прозорецот е отворен и има време за преговори. Јас би сакал сите да останат, но тоа е невозможно. Мораме да продадеме шест играчи“, изјави Партичи.
Дибала најмногу се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата (Манчестер Јунајтед и Тотенхем) но сега преодниот рок на Островот е завршен. Се споменуваше ПСЖ со кој сепак немаше ништо конкретно.
Од останатите заминување треба да се очекува на некој од Манџукиќ и Игуаин (можеби и двајцата), Ругани, Кедира…