Дома Фудбал Останато Од Стразбур со јасна порака до Нејмар: Ако тој сака да се забавува, ние ќе му одговориме на наш начин

Од Стразбур со јасна порака до Нејмар: Ако тој сака да се забавува, ние ќе му одговориме на наш начин

Бразилецот Нејмар го чека пауза поради повредата на зглобот на десната нога.

Во натпреварот од купот на Франција против Стразбур кој ПСЖ го доби со 2:0 остана без најскапиот играч во светот откако Бразилецот се повреди во 62-тата минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нејмар сам се повреди, но претходно имаше неколку жестоки дуели со фудбалерите на Стразбург. Најмногу поради тоа што ги нервираше со своите дриблинзи.

На играчите на Стразбур не им се допаднало однесувањето на Нејмар, а после натпреварот фудбалерот, Ентони Гончалвес му испрати јасна порака.

„Тој е одличен играч. Но, ако игра така тогаш нека не приговара кога добива удари. Не сме овде за да се забавува на наша сметка. Не сме тука да правиме тој да изгледа добро. Ако сака да се забавува ние ќе му одговориме на наш начин“, изјави фудбалерот на Стразбур.

ПСЖ во текот на денешниот ден се огласи со соопштение и порача дека Нејмар ја повредил истата нога на која минатата сезона му беше направена операција. Повеќе детали за тоа колку

Бразилецот ќе паузира ќе се знаат во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…