Дома Фудбал Италија Од сезона од соништата до разочарување: Спас за Милан сега е само – казната за Јувентус!

Од сезона од соништата до разочарување: Спас за Милан сега е само – казната за Јувентус!

Екипата на Милан беше на чекор од сезона од соништата, никој не очекуваше тимот да игра полуфинале во Лигата на шампионите, а сега станува јасно дека големи се шансите „росонерите“ наредната сезона воопшто да не бидат дел од најелитното европско натпреварување.

Сонуваа „росонерите“ и финале кога за противник го добија градскиот ривал кој сепак беше и четврти пат сезонава поуспешен во меѓусебните дуели. Чудна е сезоната за Милан затоа што како полуфиналисти во ЛШ ќе им биде тешко да се изборат за место во елитата следната сезона.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На три кола пред крајот Милан заостанува четири бода зад четвртиот Лацио, пет од Интер и осум од Јувентус.

Во последните три кола Милан ќе игра против Сампдорија, Верона и дербито со Јувентус во претпоследното коло. Токму во Јувентус навивачите на Милан ја гледаат најголемата шанса да бидат во топ четири. Иако е втора „старата дама“, многу веројатно повторно ќе биде казнета и одново ќе им се одземат бодови откако им вратија 15. Казната сега нема да биде 15 бодови, но можеби ќе биде доволна за Милан да скокне во топ четири, посебно ако слават во тој меѓусебен дуел.

Од друга страна Лацио кој е најблиску има лесен распоред и игра против Удинезе, Кремонезе и Емполи. Интер на третата позиција ќе игра против Наполи кој е опуштен и минатото коло изгуби и од Монца, Аталанта и Торино.

Затоа најголемата шанса на Милан сега за спас на сезоната е казната на Јувентус која би требало да биде соопштена на крајот на овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…