Дома Фудбал Италија Од Интер бесни: Ова е најголемата грешка која ја направи ВАР! (ВИДЕО)

Од Интер бесни: Ова е најголемата грешка која ја направи ВАР! (ВИДЕО)

Директорот на Интер, Бепе Марота е лут на според него големата грешка на штета на неговиот клуб.

Интер вчера гостуваше кај Фиренца кога со Фиорентина во луд натпревар одиграа 3:3. Овој натпревар го обележаа многу спорни ситуации, а во прв план беше судијата и ВАР кога во завршницата беше досуден пенал над Данило Д’Aмбросио.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Оштетени сме“, изјави Марота за „Спорт Медијасет“, додавајќи:

„Се надеваме дека не е непоправлив во контекс дека нема да влијае на крајот од сезоната. Најмногу ми е жал што многу вложивме во ВАР за да ги намалиме грешките и поради тоа неговата употреба мора да биде совесна и рационална“, порача Марота кој потоа сепак истакна и дека судијата не е единствен виновник.

„Не сакам да го критикувам Абисо. Очигледно нешто не направи како што треба. Можеби требаше подобро да го погледне системот. Не е на мене да вперувам прст, но мислам дека сите тие ситуации доведоа до голема штета на наша сметка и се надевам дека тоа нема да биде фатално на крајот од сезоната“, истакна директорот на миланскиот клуб.

Во продолжение можете да ја погледнете спорната ситуација, па оставаме на вас да проценти дали судијата и ВАР беа во право кога досудија пенал за Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…