Дома Трансфер зона Од Барселона не ја исклучуваат можноста за враќање на Нејмар!

Од Барселона не ја исклучуваат можноста за враќање на Нејмар!

Генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегура со последната изјава веројатно повторно ќе ги аткуелизира гласините за евентуално враќање на Нејмар на „Ноу Камп“.

Нејмар како што е познато ја напушти Барселона и за сума од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ, но Сегура не ја исклучи можноста тој да се врати во Каталонија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Во тоа време изјавив дека еден млад фудбалери кој заминува по пари нема да се врати. И се држиме до тоа. Но, ситуацијата со Нејмар е поинаква бидејќи не зборуваме за играч кој е во процес на формирање, туку за фудбалер кој се разви во еден од најдобрите во светот. Тоа се професионалци кои зависат од и од условите на пазарот, ние ја следиме ситуацијата и го правиме она што е најдобро за нас“, изјави Сегура.

Ќе потсетиме, Нејамр се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…