Се поизвесно е дека на лето ќе останат без капитенот.
Матијас Де Лихт вчера стана најмладиот капитен во историјата од нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој со својот Ајакс на „Јохан Кројф Арената“ го дочека мадритски Реал и одиграа одличен натпревар.
Кога во прашање е 19 годишниот стопер познато е дека за неговите услуги се интересираат голем број клубови од самиот врв на европскиот фудбал.
Вчера Фабио Партичи, спортскиот директор на Јувентус присуствуваше на натпреварот во Амстердам со цел да се увери во квалитетите на најтелентираниот стопер на „Стариот континент“.
Денес од Ајакс признаа дека се запознаени со интересот на „старата дама“ за младиот Де Лихт.
„Дали Де Лихт ќе направи трансфер во Јувентус? Можам да кажам дека постои само еен тим од Италија кој го сака во своите редови, но не знам дали ќе премине во Јувентус“, изјави генералниот менаџер на Ајакс, легендарниот голман Едвин Ван Дер Сар.
Познато и дека Барселона го сака младиот Де Лихт во своите редови, Каталонците веќе обезбедија млада ѕвезда на Ајакс. Френки Де Јонг кој во клубот ќе пристигне на лето. Меѓутоа кога во прашање е Де Лихт се добива впечаток дека Јувентус е поблиску.
Се добива впечаток дека Барса после астрономската сума за Де Јонг нема да има финансиска моќ да ангажира уште еден супер талентиран фудбалер.
https://www.youtube.com/watch?v=Yh14wRzKU7Y