Мајк Рајли, шефот за судењето во Англија ги замоли навивачите за трпение кога е ВАР во прашање, откако новата технологија е прогласена за виновна при четири исправни одлуки на судиите.
Судиите во ВАР собите погрешно ги променија одлуките фа го признаат голот за победа на Арсенал над Кристал Палас. Мартин Еткинсон го призна голот на Сократис во финишот на натпреварот, но ВАР го поништи и тоа беше погрешна одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така ВАР погреши и кога додели пенал за Брајтон после минимален контакт со дефанзивецот на Евертон Мајкл Кин и напаѓачот на Брајтон Арон Конли. Судиите на теренот не досудија ништо, меѓутоа ВАР одлучи дека е пенал. Евертон тој натпревар го изгуби со 3:2.
Уште две слични ситуации имаше кога Даниел Џејмс падна после благ дуел со дефанзивецот на Норвич, Берн Годфри и кога Делофеу падна после стартот над Жоргињо од Челзи. Во двете ситуации судиите одманваа со рацете, но ВАР интервенираше и беа досудени пенали.
„Погледнете ја било која земја ВАР само што е воведен и потребно е време сите да се прилагодиме“, изјави Рајли.
Покрај тоа што призна дека ВАР во некои ситуации погреши, Рајли истакна дека во 11 кола во Премиер лигата од клучните моменти во дури 91% биле носени исправни одлуки, без ВАР тој процент би бил 84%.