Дома Фудбал Одлучено: Примера ќе се игра без публика до 2021 година

Одлучено: Примера ќе се игра без публика до 2021 година

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, синоќа се сретна со лидерите на клубовите од прва и втора лига.

Тебас закажа состанок за да ги информира челниците на клубот за средбата со Спортскиот совет и претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиaлес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако не се знаат многу информации од таа средба, беше постигнат договор за продолжување на сезоната, а Тебас синоќа донесе нови информации во разговорите со клубовите.

Има план да ја продолжи сезоната во Шпанија, но публиката нема да биде на трибините до 2021 година, иако клубовите ќе изгубат многу пари.

Затоа Тебас реши да ги предупреди претседателите на клубовите да подготват буџети за следните неколку месеци, при што планираните загуби за натпревари без публика треба да бидат околу 350 милиони евра.

Според некои пресметки, доколку сезоната биде прекината, минусот би бил една милијарда евра.

Клубовите ќе мора да направат стратегија за преостанатите 11 кола во оваа сезона, а за наредната веројатно ќе мора да ги намалат цените на сезонските билети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај може да се засили со фудбалер на Манчестер јунајтед вреден 50 милиони евра!

Турскиот шампион Галатасарај планира да го засили својот тим за време на зимскиот трансфер…