Денеска во рамките на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига требаше да се одиграат пет натпревари.
Меѓутоа, поради обилните врнежи од снег ФФМ информира дека сите натпревари се одложени за следниот викенд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло од 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година недела“ – стои во соопштението на ФФМ.
Да потсетиме, вчера во Струмица беше одигран дуелот помеѓу Академија Пандев и Работнички, во кој славеше гостинската екипа со 0:1.