Ракометниот првак Вардар официјално соопшти дека мечот против ПСЖ во Париз презакажан за 1 декември повторно е одложен поради позитивни случаи на коронавирус во своите редови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Исто така и мечот со Порто кој беше закажан за 4-ти декември е одложен затоа што дел од ракометарите на Вардар се позитивни на Ковид 19.
Вардарци после враќањето од Полска веднаш беа тестирани и неколку членови на клубот дале позитивни тестови.
Со оглед на фактот што ќе мораат во карантин, јасно беше дека овие натпревари ќе бидат одложени.
Фото: РК Вардар